16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На граничните премини Табановце и Богородица се чека по еден час за излез од државата

На ГП Богородица и ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Додека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК