Инфлацијата забавува, покажуваат податоците на ДЗР за месец јули.
Според последните пресметки инфлацијата била 8,4 проценти.
Инфлацијата периодов забележа раст поради поскапувањето на храната за дури 11,8 отсто.
Според Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски праањаа забавувањето на инфлацијата за месец јули е во согласност со владините проекции со кои се предвидува просечната инфлација за 2023 година да изнесува 8,9 отсто.
Битиќи уште додава дека се работи на тоа инфлацијата да се сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
Од друга страна пак минималната плата порасна на 20.175 денари, а веќе следната година се најавува дека ќе достигне 23.000 денари.
Од септември следува нов раст на пензиите за нешто повеќе од 6 отсто, со што за краток период пензиите пораснале за 24 отсто.
Последните податоци покажаа и дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36.465 денари и таа е повисока за 16,1 отсто во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето е за 5 058 денари.