21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Големо невреме во Скопје и Македонија – има штети

Невреме го зафати и Скопје и Скопската Котлина.

Силен дожд и ветер го погодија потесното градско подрачје, а ветрот направи и штети во Скопје.

Како што објави УХМР во своето метео предупредување денес ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во попладневните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Од утре следува период на посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.