Од партијата на власт оценувваат дека со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори.
„Се што треба да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени.
Во спротивно, ќе покажат дека се несериозни и неодговорни пред сопствениот народ и пред иднината на државата.
Мицкоски и ДПМНЕ повеќе од една година ги лажеа граѓаните за наводно загрозување на македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, но факт е дека тие денес се меѓународно заштитени и потврдени како никогаш до сега.
Доказ за тоа е Предлог Резолуцијата во Сенатот на САД, како и претходно усвоената Резолуција од германскиот парламент“, додаваат од СДСМ.
Од партијата нагласуваат дека по 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност.
Сега, како што велат, е потребен сериозен исчекор и забрзување на процесот на преговори со крајна цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година.
Според СДСМ, секој пратеник, секој политички субјект има одговорност да се вклучи во процесот и да даде поддршка на измените на Уставот, се друго е дејствување спротивно на државните и национални интереси.