15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почина 27-годишна штипјанка oткако ја каснал крлеж, луѓето со кои контактирала се под надзор

Дваесет и седумгодишна девојка од селото Кучица, Штип починала откако ја каснал крлеж.

За случајот информираа од Институтот за јавно здравје.

Девојката првин била хоспитализирана во Штип, а потоа во Скопје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со конго-кримска хеморагичка треска. Болеста брзо прогресирала и девојката починала истиот ден.

Со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството.

Од контактите со висок ризик земени биле четири материјали за тестирање и се негативни. Останатите контакти се ставени под здравствен надзор во наредните две недели.