25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: За „Иловица“ треба да одговори ДПМНЕ, концесиите се дадени од Груевски, одобрени од министри и градоначалници од оваа партија

Во одговор на пратеничко прашање, премиерот Димитар Ковачевски во Собранието истакна дека при давањето на концесиите за рудникот „Иловица“ се случило втората концесија целосно да ја заобиколи првата.

„Вчера се објавени сите документи од 2005 година со сите мислења, потписи, одобрувања на концесиите и добивме уште една многу интересна работа, а сигурно сте ја виделе, на графиконот, каде што се обележани првата и втората концесија, и тоа е многу интересно како е направено, втората концесија комплетно ја заобиколува првата, зошто е тоа направено? Единствен одговор може да дадат оние што одобриле концесиско подрачје врз веќе дадено концесиско подрачје. Кои се тие? Ако ги погледнете документите објавени на веб-страницата на Министерството за економија, таа концесија ја издал Никола Груевски, со позитивни мислења од тогашниот министер Миле Јанакиески, министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, низа мислења, бидејќи се работи за постапка во три чекори, дадени и од Владо Мисајловски и од Паско Кузман и од сите. И јас не велам дали тие тоа тогаш го подржувале бидејќи со својот потпис дека немаат никаква забелешка на доделување и на првата и на втората концесија, и од аспект на транспорт и врски и од аспект на животната средина, и од аспект на земјоделството, и од аспект на водите, значи немаат ниту една забелешка, ниту една забелешка“, порача Ковачевски.

Тој посочи дека ДПМНЕ треба да ги даде сите одговори за концесиите за рудникот „Иловица“.

„Кога веќе некому дале концесија, каде што втората концесија комплетно се наоѓа врз првата концесија, во согласност со законот, тој има право да побара спојување на концесиите. Како се прави тоа? На веб-страницата на Министерство ви е објавен и записникот, и записникот ви е објавен од ваша влада за спојување на концесиите, и знаете што пишува во записникот – нема никакви забелешки за концесиите да се спојат. Јас не велам дали некој имал некаква лоша намера, добра намера, ваква или таква намера, можеби овие што ги споменав, некои се активни сега, а добар дел е активен, дел во парламентот, дел како советници во вашата партија, можеби смениле мислење, но треба да излезат да кажат дали сега можеби влијае лошо на животната средина оти тогаш не им влијаело лошо на животната средина. Погледнете ги одлуките на општините, и на Ново Село и на Босилово, и градоначалникот и Советот тоа време од ВМРО-ДПМНЕ донеле позитивна одлука за отворање рудници во Босилово и во Ново Село. Владата ги носи одлуките, но повторувам, да дадете концесија еден и врз неа да издадете концесија два и да потпишеш записник во 2016 да се спојат – е тоа ќе го прашате кај вас, не може да прашате во оваа Влада“, истакна Ковачевски.