21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Немате кворум за да формирате пратеничка група, тројца сте: Џафери до Меџити, Коџаџику и Реџепи

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, прими известување од пратениците Изет Меџити, Мерита Колчи Коџаџику и Кастриот Реџепи дека ќе дејствуваат како независна група пратеници и во истото известување предлагаат координатор и заменик координатор .

Претседателот Џафери, веднаш по добивање на известувањето, писмено ги извести дека тие немаат кворум да формираат пратеничка група.

„Согласно член 33 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Пратеничката група ја сочинуваат најмалку пет пратеника кои припаѓаат на една или на повеќе политички партии. Следствено на горенаведената одредба, немате можност да формирате пратеничка група, ниту да определите координатор и заменици координатори.

Воедно, Ве известувам дека во Собранието на Република Северна Македонија со писмено известување до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија може секој индивидуално (лично) да го достави известувањето за делување како независен пратеник“, така што, поради горенаведеното, нема можност за понатамошно процесирање на известувањето“, вели Џафери во своето соопштение.

Претходно, тие го информираа и дека координатор на нивната независна пратеничка група ќе биде Кастриот Реџепи.