Три товарни возила се судриле вчера околу 19 часот на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на Прентов мост.
Како што објави полицијата, во несреќата едно лице добило тешки повреди.
Во сообраќајната несреќа учествувале „рено“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ. Т. (56) од Охрид, „ман“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од П. Н. (47) од Велес, и „митцубиши“, со струшки регистарски ознаки, управувано од В. С. (43) од Охрид.
Тешки телесни повреди добил сопатникот од возилото „митцубиши“, А. С. (41) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од екипа.