23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апасиев: Одбиен е предлогот максимум шест месеци да трае договорот на определено време

Лидерот на Левица Димитар Апасиев објави дека власта го одбила нивниот предлог за договорите на определено време да траат максимум шест месец.

„Окупационата антиработничка власт на СДС+ДУИ го одби предлог-законот на Левица за измена на Законот за работни односи, со кој договорите за работа на определено време ќе се намалеа од сегашните пет години на максимум шест месеци – по што работодавецот ќе беше должен да заснова договор за работа со работникот на неопределено време“, вели Апасаиев во својата објава на Фејсбук.