23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Службите се подготвени за евентуално невреме, граѓаните да бидат внимателни

Поради можноста од појава на интензивни поројни врнежи во текот на попладневните и вечерните часови, кои на места се очекува да бидат проследени со невреме, ги предупредуваме граѓаните на внимателно движење. Членовите на Штабот за заштита и спасување се во комуникација и координација. Општинските служби ја следат состојбата и спремни се да одговорат со сите расположливи ресурси на терен.

„Упатувам апел до граѓаните да бидат претпазливи и да внимаваат во периоди на поројни дождови. Избегнувајте движење надвор додека трае невремето, затворете ги прозорците и доколку во вашиот објект протекува, соодветно обезбедете го“, додаде градоначалникот на Општина Центар, Герасимовски.