Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп, при СВР Битола, во рамки на активностите од проектот „Безбедно лето 2023“ во текот на минатата ноќ до раните утрински часови (22/23.07.2023), односно во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведоа акциска контрола за присуство на малолетни лица во спортски обложувалници, казина и на јавни простори после полноќ.
Притоа, беа извршени контроли во 22 спортски обложувалници, 10 казина и еден угостителски објект, како и контрола на парковите во централното градско подрачје на Прилеп, при што биле затекнати 13 малолетници без надзор на родител после 24.00 часот и тие биле предадени на нивните родители, по што ќе следат соодветни поднесоци.
Инаку и во Битола ноќва околу 01.00 часот од страна на полициски службеници при СВР Битола во близина на месноста „Јени Џамија“ биле затекнати лицата З.И., Ѓ.М., Љ.М. и С.Џ, сите од Битола, кои што непристојно се однесувале на јавно места. Истите биле лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци. Исто така, во угостителски објекти на подрачјето на Битола со инструмент фонометар била вршена проверка на јачината на бучавата, при што бил констатиран прекршок во угостителски објект во централното градско подрачје и ќе следува соодветен поднесок.
На ден 22/23.07 2023 во временскиот период од 23.00 до 04.00 часот ваква контрола била извршена од полициски службеници на СВР Скопје, во угостителски објекти и казина на подрачјето на Центар, Кисела Вода и Аеродром, при што извршени се прегледи на 20 лица, а констатиран е еден прекршок од Законот за приватно обезбедување, информираат од МВР.