Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во дојранско, пронајдена дрога, приведени две лица

На 21.07.2023 во 17.45 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Д.М.(31) и Р.М.(24), двајцата од село Ѓопчели, дојранско.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, пиротехнички средства и дробилка со остатоци од марихуана.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Приведени тројца криумчари, пронајдени осум лица мигранти од Египет

ДЕСК

Вчера на ГП табановце приведени две лица – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола

ДЕСК

Страотна сообраќајка кај Струмица: Петмина се повредени, меѓу кои и петгодишно дете – ова се првите детали

ДЕСК