23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тасевска: ДПМНЕ не се грижи за граѓаните, не ги поддржа законите за помали камати

ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето вистинско лице на неодговорност и деструктивност, рече на денешната прес конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

-Пратениците од ДПМНЕ заедно со пратениците од Левица, не дадоа поддршка на измените на Законот за облигациони односи, Законот за извршување и Законот за финансиски друштва. Со овие измени ставивме крај на должничкото ропство и крај на богатењето на поединци и групи врз грбот на граѓаните. Отсега, каматата нема да смее да го надминува износот на главниот долг, трошоците за еден таканаречен брз креди нема да смеат да бидат повисоки од 60 отсто од износот на кредитот, а рокот за застарување го намаливме од 10 на 5 години. Сето ова е во интерес на граѓаните кои долго време бараа регулирање на оваа материја и е во насока на заштита на нивниот економски стандард- рече Тасевска.