Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути, соопшти АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.