Информативниот веб портал Вестиплус.мк по речиси 4 години постоење на македонската интернет сцена целосно се ребрендира,а претстави и целосно нов веб дизајн.
Белата, жолтата и црната боја од сега ќе бидат нашиот нов заштитен знак.
Со ребрендирањето лансираме брза и оптимизирана веб страница која нуди голема прегледност и уживање при читањето вести.
Порталот Вести+ кој е основан во 2019. досега објавил над 15.000 соддржини, а дневно е посетуван од околу 20.000 читатели. На социјалните мрежи имаме речиси 60.000 фоловери. Нашите вести покрај тоа што може да ги читате преку Vestiplus.mk, може да ги добивате и на вашиот фејсбук ѕид или преку најпопуларниот агрегатор Time.mk.
Во следниот период Вести+ ви најавува високо квалитетни политички и економски анализи, текст и фото стории, а особено внимание ќе биде посветено и на видео соддржините.