Ноќеска, во 5.15 часот, 48-годишниот Ш. А. од тетовска Мала Речица, во СВР Тетово пријавил дека на улицата Маршал Тито во Тетово, каде што со такси-возило превезувал патник, физички бил нападнат од едно лице, роднина на патникот, извести СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.