15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Поскапуваат горивата – РКЕ ги соопшти новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука
со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,45% во однос
на одлуката од 14.7.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,802%, кај дизелот зголемувањето е во
просек за 0,608% , кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,605% и кај мазутот
зголемување во просек за околу 3,130%, поради што во структурата на цените на нафтените
деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е понизок за 0,507 %.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за
домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,585 ден/кг.

Од 18.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 42,369 (денари/килограм)