Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен косовски државјанин, управувал украдено возило кое се бара во Холандија

Вчера вечер во 19.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Долно Блаце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле под слобода 38-годишниот Ш.К. од Косово, извести МВР.

– При преглед и контрола на возилото „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото било украдено и дека за него имало меѓународна потрага на барање на Интерпол Холандија, соопшти МВР.

Возилото било одземено, а Ш.К. бил задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.