29. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

63-годишна жена тешко повредена во сообраќајна незгода меѓу мопед и автомобил

Синоќа, вo 19 часот, било пријавено дека во Скопје на крстосницата од улицата Есенинова со улицата Никола Карев и булеварот Трета македонска бригада се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л. П. (35), и мопед, управуван од С. З. (63), двајцата од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добила С. З., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.