Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.М.(73) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
„На 27.06.2023 во 04.20 часот, на регионалниот пат Свети Николе – Скопје, при извршен преглед на патничко возило „лада“, управувано од пријавениот, пронајдени се и одземени куршум и електричен парализатор кои ги поседувал без дозвола“, велат од МВР.