17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕ СЕ ЗА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Синоптичарите објавија кога ќе има стабилизација и голем пораст на температурите

ЦУК, како што информираше утрово, според известувањето од УХМР за денеска (05.07.2023 година) дека ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, дополнува дека: Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

За Скопје прогнозата е дека ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Конкретно, во делови од скопската котлина ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Во деновите од викендот ќе дува засилен ветер, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури, од УХМР предвидуваат дека ќе бидат во позначителен пораст.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ВРНЕЖИ ДО ДОЖД КОИ ЌЕ БИДАТ ПООБИЛНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

ДЕСК

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК