Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

1655 санкционирани возачи на мотоцикли во текот на јуни, 49 мотоцикли одземени

Во текот на месец јуни 2023 година беа спроведени засилени акциски контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 1655 возачи. Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 389 возеле без возачка дозвола, 49 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Крвав инцидент со пукање во Скопје: Младо момче рането со остар предмет од друго лице кое подоцна се вратило со огнено оружје и пукало

ДЕСК

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

ДЕСК

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ДЕСК