Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени. Во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд и ретки грмежи. Од петок температурата ќе биде во постепен пораст, но за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога се очекува и локално невреме.
Прогноза за 30.06.2023
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Сончево со мала до умерена локална облачност и слаб променлив ветер. UV=8
Прогноза за 01.07.2023
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 33°C
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. UV=7
Прогноза за 02.07.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 34°C
Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=7