Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од лично име и од името на партијата на сите граѓани од исламската вероисповед им го честита големиот муслимански празник Курбан-бајрам.
Мицкоски во честитката посака овие празнични денови да донесат среќа, мир, спокојство, хармонија и здравје.
„Празникот Курбан-бајрам е празник кој потсетува на хуманоста и солидарноста, кои се основните човечки вредности. Да се помогне и да се подаде рака на оној на кој му е потребна е израз на човечноста. Македонија многупати досега докажала дека луѓето од различна вера или етничка припадност многупати досега си подале рака и се поддржувале во предизвиците со кои се соочувале“, се вели во честитката.
Се додава дека проблемите со кои се соочуваме ги делиме сите, па затоа смета дека само работа, сплотеност и заеднички труд може да нè исправат пред сите неправди и заедно да ги помине предизвици и премрежиња.
„Мораме напорно да работиме и да создаваме држава во која главна водилка ќе ни бидат сплотеноста и толеранцијата и која ќе обезбеди иднина еднаква за сите граѓани. Нека е честит големиот празник Курбан-бајрам!“, се додава во честитката.