Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсенo 21-годишно момче од Турција, ја прескокнало оградата и неовластено влегло во резиденција во Охрид

Вчера, во 12.50 часот, во СВР Охрид е приведен К. М. С. (21) од Република Турција.

Според полицијата, тој претходно, со прескокнување метална ограда, неовластено влегол во резиденцијален објект на крајбрежниот појас на Охридското Езеро постапувајќи спротивно на наредбата за забранет пристап.

Одземена му е патната исправа и со соодветен поднесок е предаден во Основниот суд во Охрид за натамошна постапка, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК