Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајна несреќа трактор-автомобил во Кавадаречко, жена во болница со тешки повреди

Во 5.30 часот било пријавено дека на патот Неготино – Кавадарци, кај с. Марена, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од В. С. (28) од Неготино, и трактор „ИМТ 533“, управувано од М. Т. (61) од с. Тимјаник, Неготинско, двете со неготински регистарски ознаки.

„Во несреќата, сопатничка, која се превезувала на тракторот, Н. Т. (64) од с. Тимјаник, добила тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кавадарци“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Студеничани – откако полицајците сакале да го приведат осомничениот се насобрала поголема група на луѓе, а притоа лицето избегало

ДЕСК

Тажна вест: Почина уште еден затвореник во Идризово

ДЕСК

Физичка пресметка меѓу жени на Бит Пазар

ДЕСК