Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на влез од паркинг во Битола меѓу автобус и автомобил, има повредени

Полицијата објави дека синоќа во 19.48 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од улицата “Васко Карангелевски“, улицата “Игњат Атанасовски“ и влез кон паркинг простор од новиот пазар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “шевролет калос“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(18) од Битола и автобус “исузу“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(55) од Битола, велат од МВР.

Полицијата посочува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј., а со телесни повреди се здобиле Т.Т. и сопатникот од патничкото возило Б.А.(18) од Битола кои биле констатирани во Клиничката болница Битола.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Во својот дом пронајдено починато 19 годишно момче – наредена обдукција

ДЕСК

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

C +

ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“

C +
error: Соддржината е заштитена.