8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјани направиле сообраќајка, се скарале, па се степале во две групи

Скопјани вчера направиле сообраќајка во општина Аеродром, по што се скарале и се степале во две групи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 24.06.2023 околу 18.00 часот во Полициска станица Аеродром е пријавено дека на Меѓуградска автобуска станица во Скопје, на подрачјето на Аеродром, по претходно случена сообраќајна незгода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ш.(50), М.Ш.(29), А.Ш.(23) и Н.А.(58), од една страна, и М.О.(53), Е.Д.(46) и К.А.(27), од друга страна, сите од Скопје. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.