Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски ги одликуваше Лечиќ, Богоевски, Насев, Буштур и Костовски со Медал за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија во неговиот кабинет со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ одликуваше 5 истакнати спортисти, великани и легенди кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

Пендаровски со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ ги одликуваше Лазар Лечиќ, постхумно – Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.

На церемонијата на доделување на медалите, во своето обраќање претседателот Пендаровски рече дека иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати. Честитајќи им на одликуваните, тој потсети на значењето на спортот за целата заедница, и за секоја индивидуа поединечно и порача врвните резултати и постигнувања на нашите спортисти и нивните тренери, да бидат поттик за сите млади да тргнат по нивните стапки и повторно да ја радуваат македонската нација.

Можеби ќе ве интересира

Продолжува поддршката на Американскиот мировен корпус во градење поинклузивна училишна средина и јакнење на јазичните вештини на учениците

ДЕСК

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

ДЕСК

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.