15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: МВР беше најзатворена институција во 2015 година, но транспарентноста ја зголеми довербата кај граѓаните

Перцепцијата за доверба во институцијата е многу важна за самата институција, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во Телма телевизија.

-Во 2015 и 2016 година имавме најниско ниво на доверба во МВР и таа беше најзатворена и најнетранспарентна институција. Кога стапив на функцијата точно имавме точно детектирано што до тоа придонесе, а тоа се прислушувањата, случајот со Мартин Нешковски, настаните во Куманово и други. Токму затоа нетранспарентноста беше првата задача која си ја поставивме во МВР за да ја смениме таа перцепција, кажа Спасовски.

Тој додаде дека бил потребна многу работа за да се гради доверба со заедницата и да се работи на транспарентноста.

-Тогашниот помошник министер ме советуваше да не се отвориме така жестоко пред јавноста, меѓутоа бев цврст во определбата се што работиме да го знаат и граѓаните, рече Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашања тој истакна дека е факт дека дел од полициските припадници, дел од администрацијата, од судството и од ОЈО се вклучени во негативни појави.

-Тоа на крај за жал креира перцепција во целото општество. Тврдам дека многу мал процент се тие луѓе што се однесуваат неодговорно пред граѓаните, а се дел од тие структури што се занимаваат со криминал, рече Спасовски.