Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без вода дел од скопска Гази Баба

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиена информација од ЈП “Водовод и канализација“ – Скопје, известува дека денеска дел од општина Гази Баба одреден временски период ќе биде без вода за пиење.

„Поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 250 мм на ул. Перо Наков бб (во близина на МЗТ), 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица на потегот од бул. Киро Глигоров до МЗТ, (Општина Гази Баба)“, се истакнува во информацијата.

Можеби ќе ве интересира

Победниците на “средношколец-милионер” на средба со Коњановски

ДЕСК

Врачени наградите за најдобрите волонтери во Општина Битола

ДЕСК

Герасимовски се приклучи на хуманитарната акција и ја потпиша Општинската декларација за поддршка на волонтерството по повод Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.