СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(33) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.
Во периодот од јануари до април 2023 година, три лица од Тетово и тетовско стапиле во контакт со пријавениот за да им помогне за побрзо закажување на термини во странска амбасада за добивање на виза.
Притоа, тој побарал преку брз трансфер на пари да му уплатат парични средства на негово име и им ветил дека во рок од две недели ќе им закаже термин.
На овој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 5.600 евра.