13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Муслиу: Дезинформациските кампањи се државно организиран и насочен процес кој има за цел манипулација со јавното мислење и притисок кон носителите на одлуки

Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, во обраќањето на Конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“, истакна дека еден од најголемите предизвици со кои се соочува Северна Македонија е справувањето со хибридни стратегии кои ги развиваат авторитарните држави: „Примарна цел на овие хибридни стратегии е поттикнување сомнеж во западната безбедносна архитектура предводена од НАТО која ја перцепираат како основна пречка за спроведување на нивните цели и интереси на глобално ниво“.

Според Муслиу, „Кинеската пропагандна стратегија за Западен Балкан се фокусира на градење на дискурс преку кој се настојува да се презентира наводна супериорност на алтернативниот модел за економски развој преку соработка со Кина“.
Муслиу истакна дека борбата со дезинформациите не треба да се гледа како загрозување на слободата на говор или цензура: „Борбата со дезинформациите не треба да се гледа како загрозување на слободата на говор или цензура, бидејќи не станува збор за наивно пласирани вести, туку дезинформациските кампањи се државно организиран и насочен процес кој има за цел манипулација со јавното мислење и притисок кон носителите на одлуки“.
изввор СМК.мк

Можеби ќе ве интересира

Ахмети: Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер

C +

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

C +

Царинска управа: На Ќафасан откриена пастрмка скриена во автомобил – во 2025 спречен шверц на вкупно 4 тони храна

ДЕСК