25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш. СДС и ДУИ целосно го девалвираат правосудниот систем во Македонија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитар Ковачевски и Али Ахмети го користат Судскиот совет за исполнување партиско политички желби и влијанија, сведувајќи ја неговата работа на место за фаворизирање на определени партиски активисти и пазарење со судиските места. Изјавите на министерот за правда Кренар Лога се само потврда за она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатиот период, а тоа е дека СДС и ДУИ го партизираат и политизираат правосудните органи.

Судскиот систем треба да ја гарантира независноста и заштита на судството и неговото унапредување, и да работи одговорно, професионално и транспарентно.

Најпрво СЈО кој беше продолжена рака на владата на СДС и ДУИ за политички прогон на неистомисленици, па наградување на Добрила Кацарска и именување за уставен судија, именување на шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази, па се до назначување на партиски активисти на СДС во Судскиот совет е пример како не треба да функционираат судските органи“ велат од партијата.

Оттаму додаваат дека и Холандија реагира на случувањата во Судскиот совет. Според ВМРО-ДПМНЕ во европски држави за вакви работи паѓаат цели влади, само во Македонија, како што велат, владата на СДС и ДУИ мува не ја лази.

„Токму поради ова е ниската доверба на граѓаните во судството и обвинителството. Бараме веднаш оставка и одговорност“ порачаа од опозициската партија.