25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Млада скопјанка најдена во бесознание на автобуска постојка

На 18.06.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачје на Ѓорче Петров било пронајдено женско лице во безсознание и со возило на Итна медицинска помош лицето било пренесено на Клиника за токсикологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.

По извршениот разговор со неа било констатирано дека се работи за А.М.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.