Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

ЗА СЕДУМ ДЕНА САНКЦИОНИРАНИ СЕ 221 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Скопје, 19 јуни 2023 – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 221 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 12.06. до 18.06.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 103 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 118 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Можеби ќе ве интересира

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека во понеделник шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат

ДЕСК

Ѓорѓиевски, денес се приклучи на активностите по повод Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК

Герасимовски: Работнички добива модерна ФИБА сала, паркетот се поставува, се монтираат семафорите

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.