Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Црвенковски е песимист околу проширувањето на ЕУ

Таму каде што бевме лани, се наоѓаме и сега, без видлив и сериозен напредок. Тоа не се однесува само на Македонија, туку и на другите земји од регионот. Единствен исклучок можеби е Албанија за која беше донесена одлука за почеток на преговорите. Ние ги отворивме, но не ги почнавме преговорите. Како што стојат работите, тешко е да се предвиди кога тоа ќе се случи, изјави поранешниот премиер Бранко Црвенковски на денешната дебата на тема „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“ во организација на Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори.

Црвенковски, кој е и поранешен шеф на државата, е песимист околу проширувањето на ЕУ.

-Да се потсетиме дека заради новата методологија за водење на преговорите што ја предложи Франција, а не заради бугарското вето, во октомври 2019, и покрај позитивната препорака на ЕК, Македонија не ги почна преговорите со ЕУ. Во овие 3 години, ниту Србија, ниту Црна Гора не направија видлив чекор напред во процесот на преговори. Фактите говорат дека интеграциите на целиот регион се во застој со повремени мали исчекори. Според мене, во моментов нема простор за поголем оптимизам ниту во наредните години. Во ЕУ, посебно кај старите членки, се зајакнува ставот: прво реформа на ЕУ, а потоа проширување, рече меѓу другото Црвенковски на дебатата.

Можеби ќе ве интересира

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

ДЕСК

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК

Македонка тргнала со 27 штеки цигари за Лондон – Ја чека казна затоа што царинските власти на скопскиот аеродром ја спречиле

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.