Centar.mk
БИЗНИС

Драстичен пад на цените на пелетите: Се продаваат за 220 до 250 денари по вреќа

Цените на пелетите и натаму паѓаат, па така сега вреќа на големо може да се најде и по цена од 220-250 денари во вреќа, што сепак е доста поскапо од преклани кога солидни пелети се продаваа по 160-180 денари од вреќа.

Лани пак една вреќа од 15 килограми се продаваше и за над 480 денари.

Оваа година за разлика од лани пелетите станаа подостапни и ги има на залиха бидејќи се укинати забраните за извоз од Босна и Србија.

Граѓаните сега имаат поголем избор, што е можност цените дополнително да паднат во текот на летниот период кога сите се снабдувааат со еколошките пелети.

Сепак побарувачката според одредени продавачи е помала во однос на минатите години бидејќи многумина од граѓаните ги “открија” инвертер клима уредите кои се доста поекономични.

Можеби ќе ве интересира

Силната посветеност на Владата за инвестиции и зголемување на конкурентноста на команиите дава резултат, БДП во третиот квартал 3,8%

ДЕСК

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Халкбанк со донација на компјутерска опремаја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.