Centar.mk
ЛОКАЛНО

ЦУК: Општина Росоман се справува и ги санира последиците во Трстеник и Дебреште со свои сили и средства

Регионалниот ЦУК Велес, известува согласно информациите добиени од Раководителот на Општинскиот кризен штаб на Росоман од вчерашното невреме што зафатен и дел од Општина Росоман, поточно с. Трстеник, дека од поројните дождови имаше поплавено неколку подрумски простории што ги санираа индивидуално и самостојно граѓаните.

Исто така, во во тој реон беше зафатено од поројни дождови и с. Дебриште. Ова село се наоѓа во ридско планинскиот предел. И во овој реон пороите имаат зафатено, односно поплавено неколку подрумски простории. Како последица на невремето делумно е оштетен патот кој се наоѓа на крајот од селото. На лице место биле екипи од ЕЛС Росоман што извршиле увид на настанатите штети и го известиле ЦУК дека тие штети ќе бидат санирани со сили и средства од Општина Росоман.

Можеби ќе ве интересира

Шалтерите на скопски „Водовод“ нема да работат за време на празникот

C +

Победниците на “средношколец-милионер” на средба со Коњановски

ДЕСК

Врачени наградите за најдобрите волонтери во Општина Битола

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.