Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот „Скопје-Граничен премин „Блаце“ (близу тунелите) се случила сообраќајна несреќа во којашто учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, што по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници.
Едно лице е извадено од реката и пренесено во болница – ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица трагаат тим нуркачи од САЕ „Тигар“ како и тим со дрон.