13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Манипулациите на Ковачевски кон народот се разоткриени, уставни измени под бугарски диктат нема да има, затоа и бега од тв дуел со Мицкоски

Од ден на ден се повеќе паѓаат во вода манипулациите на Ковачевски, со кои залудно проба да го излаже народот.

ВМРО-ДПМНЕ јасно стои на своите конзистентни ставови дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски кој е домазет во сопствената влада, се уште се нема изјаснето за двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ, иако од неговите средби со врвот на СДС помина една недела. Очигледно е дека за предлозите не се одлучува на Бихаќка, туку кај вистинскиот властодржец, а тоа е Али Ахмети, – стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски исто така и бега од тв дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од кој се плаши, бидејќи нема што да каже пред македонската јавност и нема како да оправда уште едно предавство кон народот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да да поддржи такво нешто и секогаш ќе ги брани ставовите и мислењата на народот, кои се кристално јасни, а кои на Ковачевски очигледно само не му се јасни, велат од опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

C +

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

C +

Жерновски: Паника поради падот од 130.000 гласа

ДЕСК