23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Инфлацијата во еврозоната најниска од февруари минатата година: Растот на цените падна на 6,1 отсто

Годишната стапка на инфлација во еврозоната падна на 6,1 отсто во мај од 7,0 отсто во април, потврди денеска Евростат.

Ова е конечната бројка за мај, која е во согласност со претходните проценки и е најниска од февруари 2022 година.

Инфлацијата во ЕУ во мај падна на 7,1 отсто од 8,1 отсто во април.

Најниска годишна стапка на инфлација во мај е забележана во Луксембург – 2,0 отсто, Белгија – 2,7 отсто, Данска и Шпанија – по 2,9 отсто, додека највисока е забележана инфлација во Унгарија – 21,9 отсто, како и во Полска и Чешка – 12,5 отсто.

Споредено со април, инфлацијата во еврозоната опаднала во 26 од 27-те земји членки, додека се зголемила само во Холандија.

Цените на енергетските производи паднаа за 1,8 отсто на годишно ниво, додека во мај храната, алкохолот и тутунот пораснаа за 12,5 отсто, а услугите за 5,0 отсто, што е нешто побавен раст од април.

Годишната основна стапка на инфлација во еврозоната исто така падна на 5,3 отсто во мај од априлските 5,6 отсто, што е најниска инфлација од јануари.