Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Циклон надоаѓа над Македонија и носи силно невреме со невидени количини на дожд – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена

Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). До петок локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Прогноза за 16.06.2023
Минимална температура: 12°C до 18°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град. Побилни врнежи се очекуваат во северозападните делови од земјата.

Прогноза за 17.06.2023
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Променливо облачно, oд пладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. Побилни врнежи ќе има во северните делови од земјата.

Прогноза за 18.06.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 19°C до 27°C

Променливо облачно, oд пладневните часови на места и особено во јужните делови ќе биде нестабилно со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Можеби ќе ве интересира

Исчезна 57 годишен охриѓанец

ДЕСК

Мојсоска: Власта место да смислува изговори да се појави во Собрание пред родителите од Кочани

ДЕСК

Утре ВМРО ДПМНЕ одлучува дали ќе го поддржи Христијан Мицкоски како единствен кандидат за претседател на партијата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.