24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Ако почнете да се гушите, а нема никој околу вас – еве што треба да направите

Ако одеднаш почнете да се гушите, а никој нема наоколу, обидете се да останете смирени колку што можете повеќе. Џеф Реман, долгогодишен лекар, со видео покажа што да прави во тој клучен момент. Никогаш не се знае – можеби оваа информација ќе ви го спаси животот еден ден.

Ако почнете да се гушите, направете го следново:

Не паничете. Останете смирени колку што можете
Клекнете на земја и навалете се напред на рацете така што ќе бидете на сите четири
Силно повлечете ги рамената наназад и со торзото силно турнете на земја надолу.
Силен удар во градниот кош ќе изнуди големо количество воздух од белите дробови, а тој воздух ќе изнуди се што имате во грлото.

Овие совети ги сподели Џеф Реман, лекар со 22-годишно искуство во BrightSide.

Погледнете го и неговото видео со упатства како да го направите тоа: