25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следува влажен бран и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за времето до крајот на неделава

Ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m?), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Особено пообилни врнежи ќе има од четврток кон деновите од викендот.

Прогноза за 15.06.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 27°C

Претпладне променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град. Побилни врнежи ќе има во северните делови од земјата.

Прогноза за 16.06.2023
Минимална температура: 12°C до 18°C
Максимална температура: 21°C до 26°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град. Побилни врнежи се очекуваат во северозападните делови од земјата.

Прогноза за 17.06.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Променливо облачно, oд пладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. Побилни врнежи ќе има во северните делови од земјата.