Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца повредени во судир на трактор и товарно возило на патот Крушево – Прилеп

Вчера, во 21.08 часот, во ОВР Крушево било пријавено дека на регионалниот пат Крушево – Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „нисан“, со крушевски регистарски ознаки, управувано од А. Б. (51) од Крушево, и трактор, без регистарски ознаки, управуван од А. А. (41) од с. Алданци, Крушевско.

Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот во возилото „нисан“, М. Н. (35) од Крушево, а телесни повреди добиле двајцата возачи и М. Ј. (38) од с. Норово, сопатник во тракторот, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид извршила екипа на ОВР Крушево.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.