23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Се расчистуваат улиците од наносите од вода и земја по невремето во Прилеп

По невремето што попладнево го зафати Прилеп, состојбата се нормализира.

Екипите на ЈКП,,Комуналец“ работат на расчистување на градските улици, а ЈП,,Македонија пат“ на регионалните патишта од остатоците – наносите од водата (ѓубре, земја и друго), соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„По поројниот дожд кој го зафати Прилеп во временскиот период од 15.00 часот до 16.00 часот, заради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количини вода, дојде до полавување на улиците во централното градско подрачје со што беше отежнато одвивањето на сообраќајот. Со намалувањето на интензитетот на врнежите, состојбата се нормализира“ соопшти ЦУК.

До овој момент немало интервенции за испумпување на вода од поплавени простории. Имало само една пријава на ул,,Цане Коњарец“, но заради ниското ниво на водата во просториите, ТППЕ Прилеп не интервенирала.