Понедена е кривична пријава против 26-годишник од селото Славеј, прилепско, кој со автомобил удрил во жена која управувала велосипед, по што побегнал од местото.
Жената починала, а потоа таткото на младото момче во полицијата кажал дека тој возел, но се испоставило дека зад воланот бил неговиот син.
Полицијата поднела кривична пријава против 26-годишникот со иницијали Д.П. поради тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
„На 09.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, пријавениот со патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп и го напуштил местото, а од здобиените повреди А.Ц. починала на местото. Подоцна, во полициска станица неговиот татко Р.П.(54) пријавил дека го управувал возилото, но по преземени мерки било утврдено дека Д.П. го управувал возилото. Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото“, велат од МВР.