Денес од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата.
Во Скопје попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Прогноза за 13.06.2023
Минимална температура: 11°C до 16°C
Максимална температура: 20°C до 26°C
Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа и особено во западните и крајните источни делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Прогноза за 14.06.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Променливо облачно, од пладневните часови претежно вдолж Повардарието и во јужните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Прогноза за 15.06.2023
Минимална температура: 12°C до 18°C
Максимална температура: 22°C до 28°C
Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.