25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсење на повеќе локации низ Македонија

На 06.06.2023 во 00.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(32) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од кокаин. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.06.2023 околу 23.45 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Е.К.(31) и Н.К.(24),двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе да го одземат и возилото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека двајцата биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и до 09.06.2023 користеле отсуство.

На 06.06.2023 во 16.00 часот на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во куќа на улицата. Малолетникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.06.2023 во 18.15 часот во трговски центар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле две малолетнички од Тетово и тетовско Селце. Тие биле фатени при извршување кражба во продажен објект. Украденото било вратено на сопственикот, а малолетничките биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.06.2023 во 09.45 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Д.У.(37) од Струга и Е.П.(46) од Куманово. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во куќа во струшката населба Плитишта, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено при преглед кај нив и при претрес, извршен со судска наредба, во домот на Д.У. во Струга. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.06.2023 во 00.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(19) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 06.06.2023 во 13.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода М.А.(66) и М.Д.(67), двајцата од Струмица. Тие биле затекнати како со други лица вршат неовластена размена на парични средства, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени различни валути во вкупна вредност од околу 1.000.000 денари, а кај М.Д. различни валути во вредност од околу 110.000 денари. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање, купување готовински странски платежни средства и чекови“ по член 55 од Законот за девизно работење.

На 06.06.2023 во с.Забрчани, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Ц.Т.(76) од с.Забрчани затоа што кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка, пиштол „Црвена Застава“, рамка за пиштол, ремен за пушка и куршуми. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.06.2023 во 15.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Т.(46) од Македонски Брод затоа што по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на ОВР Македонски Брод. Тој бил предаден за спровод во Казнено-поправната установа Затвор Битола.

На 06.06.2023 во 19.15 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Ш.(37) од Радовиш затоа што по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси” по барање на Основен суд Радовиш. Тој бил предаден за спровод во Казнено-поправната установа Затвор Струмица.

На 07.06.2023 во 03.50 часот на магистралниот пат А2, кај место викано „Добра вода“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово го лишиле од слобода К.Г.(30) од Република Албанија затоа што илегално влегол на територијата на РСМ, а при преглед кај него бил пронајден нож и бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.